СКАНДАЛ ВО ЈП „СТРЕЖЕВО“ Директор пријавен за повреда на работни права

СВР Битола поднесе кривична пријава против директор на ЈП „Стрежево“ поради сомнение дека во повеќе наврати незаконски менувал работно место на вработен спротивно на законските прописи.

0

СВР Битола поднесе кривична пријава против М.Г. (56) од Битола, директор на ЈП „Стрежево“, поради сомнение за злоупотреба поврзана со работни односи и незаконски промени на работно место.

Како што информира полицијата, пријавениот во својство на директор на јавното претпријатие, во периодот од февруари до 29 јуни 2023 година, во три наврати извршил промена на работното место на едно лице спротивно на одредбите од Законот за административни службеници, Законот за работни односи и Правилникот за систематизација на работните места.






Од СВР Битола наведуваат дека со ваквите постапки постојат основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на право од работен однос“.

По целосно документирање на случајот, против пријавениот ќе следува соодветна постапка.

Поврзани содржини