НЕ Е ВАЖНО ДАЛИ ЌЕ ОСТАНЕМЕ МИНИСТРИ, ВАЖНО Е ДА СЕ СПРАВИМЕ СО НАСИЛСТВОТО Лимани за најавената реконструкција на Владата

100

Во услови кога се соочуваме со сериозни случаи на насилство, не треба да биде во фокус дали некој ќе остане министер, туку како институциите ќе придонесат за нивно спречување, изјави министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани одговарајќи на новинарско прашање дали ќе биде дел од најавената реконструкција на Владата.

Тој нагласи дека сегашните општествени состојби бараат целосна посветеност од сите носители на јавни функции.






– Дали сме министри или не сме, до последниот атом треба да бидеме посветени за да ги спречиме ваквите случаи, а не да се занимаваме со тоа кој ќе биде министер – рече Лимани.

Министерот потенцира дека најважно е какви резултати оставаат институциите и нивните носители во борбата против насилството додавајќи дека е потребно заедничко дејствување.

Поврзани содржини