РЕКОРДНИ ВЛОЖУВАЊА, ИСЧЕКОР ВО ОДБРАНАТА Македонската армија брзо се развива, порача Мисајловски

Министерот за одбрана од Брисел порача дека Македонија ги јакне своите капацитети и ги исполнува стандардите на НАТО.

29

Македонската Армија се развива со засилено темпо, државата инвестира во развојот на одбранбените капацитети.

Вака галси пораката на министерот за одбрана Владо Мисајловски на состанокот на министри на Северноатлантскиот совет во Брисел.






– Силно сме посветени на развојот на националните одбранбени капацитети кои се составен дел од колективната одбрана на Алијансата. Тоа е евидентно преку инвестициите во одбраната, но и преку процесот на модернизација и опремување кој е видлив со секој изминат ден – потенцитеше Мисајловски во седиштето на НАТО во Брисел.

Министерот истакна дека државата одвојува рекордни средства за одбраната, кои се инвестираат ефикасно и ефективно во процесот на опремување и модернизација со цел исполнувањето на НАТО – Целите на способности согласно предвидената динамика.

Фото: Министерство за одбрана

– Нашата држава прави исчекор во развојот на капацитетите – истакна Мисајловски, укажувајќи на тоа дека само изминатата година во земјата веќе е пристигната значајна опрема, која паралелно со развојот на човечкиот капацитет овозможи армиската Лесна пешадиска баталјонска група, да биде оценета како „борбено способна за извршување на својата мисија”, согласно сите НАТО – стандарди.

На маргините на состанокот, министерот Мисајловски разговараше со повеќето колеги, а имаше и средба со грчкиот министер за национална одбрана, Николаос Дендиас, на која се разговараше за заедничката стратешка определба, мирен и стабилен регион и силна колективна одбрана.

Фото: Министерство за одбрана

На средбата беше истакната отворената, непосредна и искрена комуникација која придонесува за континуиран раст на одбранбената соработка, за што е потврда меѓусебната посветеност и значајната реализација на годишниот план за одбранбена соработка.

Мисајловски на средбата додаде дека со инвестициите кои во моментов се прават во одбраната и безбедноста, како и силното инвестирање во транспортната мрежа на коридорите 8 и 10 се овозможува поцврста одбрана и поголема безбедност за граѓаните на двете земји.

Поврзани содржини