УПРАВУВАЊЕТО СО ПАРИТЕ ОД ДАЛЕЧИНА СЕГА Е ПОЛЕСНО Брзи трансфери, штедење и дигитално банкарство за македонската дијаспора преку Халкбанк
Без разлика дали живеете во Германија, Швајцарија, Италија, Австрија или во некоја друга европска земја, eдна работа останува иста, а тоа е врската со домот. За многумина од нашата дијаспора, редовното испраќање средства до семејството, штедењето за идни планови во Македонија или едноставното управување со личните финансии од далечина е дел од секојдневието.
Токму затоа, изборот на банка која нуди сигурни, едноставни и современи услуги станува сѐ поважен.
Халкбанк овозможува брзи и сигурни трансфери во евра преку SEPA системот за плаќања, кој поврзува 40 европски земји во единствена платежна зона. Тоа значи дека испраќањето и примањето средства од странство е поедноставно, побрзо и со однапред познати трошоци. Без разлика дали станува збор за поддршка на најблиските, уплата за недвижност, инвестиција или лична заштеда, трансакциите се реализираат по европски стандарди, со фиксни провизии и високо ниво на сигурност.
За оние кои размислуваат за иднината, штедењето останува еден од најсигурните начини за планирање на важните животни цели. Купување дом, образование за децата, започнување сопствен бизнис или едноставно создавање финансиска сигурност, секој план започнува со добра основа. Халкбанк нуди повеќе можности за штедење во денари и во девизи, прилагодени на различните потреби и финансиски планови на клиентите.
Дополнителна предност е што голем дел од банкарските услуги денес се достапни дигитално. Преку електронското и мобилното банкарство, клиентите можат да ги следат своите сметки, да вршат плаќања, да управуваат со своите средства и да останат поврзани со своите финансии без разлика каде се наоѓаат.
За многу иселеници, одржувањето активна банкарска сметка во Македонија е практично решение кое овозможува полесно управување со финансиските обврски, примање средства, штедење и подготовка за идни инвестиции во татковината. Отворањето сметка во Халкбанк е едноставен процес, а банката нуди современи услуги кои одговараат на динамичниот начин на живот на луѓето кои живеат и работат во странство.
Каде и да ве однел животот, чувството дека имате сигурен финансиски партнер дома, носи дополнителен мир. Со европски платежни решенија, современи дигитални услуги и можности за штедење, Халкбанк им помага на своите клиенти полесно да ги поврзат своите финансии меѓу земјата во која живеат и земјата која секогаш ја нарекуваат дом.