БУГАРСКОТО МВР ОДОБРИ ДВОЧАСОВНА БЛОКАДА НА ТРИТЕ ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ КОН МАКЕДОНИЈА Антимакедонска организација ќе одржува протест

Во најавата за блокадата на Деве Баир, Делчево и Ново Село се вели дека протестот е координиран со Министерството за внатрешни работи на Република Бугарија.

709

Бугарското Министерство за внатрешни работи дало дозвола за блокада на три македонски гранични премини на 21 Јуни. Блокадата, која ќе трае 2 часа, е организирана од антимакедонската бугарска Фондација Македонија.

Во најавата за блокадата на Деве Баир, Делчево и Ново Село се вели дека протестот е координиран со Министерството за внатрешни работи на Република Бугарија.






Целта, според најавата, е да му се покажело на македонскиот премиер Мицкоски дека не може да продолжи со наводниот прогон на Бугари во Македонија.

,,Дојдете оваа недела од 11 часот на една од трите гранични точки со Македонија за заедно да ја блокираме границата со Македонија 2 часа. Целта е демонстративно да му се покаже на Мицковски дека не може да продолжи со прогонот на Бугарите во земјата”, се вели во најавата.

,,Нашата цел е да му покажеме на Мицковски дека не може да продолжи со репресиите. Не ни е цел да ги попречуваме граѓаните и нивниот слободен премин преку границата, затоа блокираме 2 часа, а не трајно! Дојдете и покажете единство и сила, Бугари”, повикува фондацијата Македонија.

Поврзани содржини