ЗАГИНАА 11 ПАДОБРАНЦИ И ПИЛОТОТ Се урна авион во Мисури

Авионот се урнал брзо по полетувањето.

111

Авион со патници кои планирале да поминат сончево неделно попладне во скокање со падобран се урна во американската држава Мисури, при што загинаа сите 12 лица во леталото, соопштија надлежните власти.

Загинаа пилотот и 11 падобранци.






Според соопштението на сообраќајната патрола на Мисури, авионот се урнал во близина на аеродромот „Батлер Меморијал“, брзо по полетувањето.

Полициски службеници на терен вршат истрага за несреќата.

Батлер е мал град со околу 4.300 жители, сместен на приближно 105 километри јужно од Канзас Сити.

Поврзани содржини