УКРАИНА И МОЛДАВИЈА ГИ ПОЧНУВААТ ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ СО ЕУ Црна Гора затвори уште две поглавја

Отворањето на преговорите со Украина долго време беше блокирано од претходната власт во Унгарија, но амбасадорите на 27-те членки на ЕУ неодамна донесоа одлука за отпочнување на процесот. На меѓувладините конференции денеска во Луксембург, Украина и Молдавија ќе го отворат првиот кластер „Основи“.

0

Украина и Молдавија денеска започнуваат пристапни преговори со Европската унија, додека Црна Гора затвора уште две преговарачки поглавја, соопштија европски извори.

На меѓувладините конференции во Луксембург, Украина и Молдавија ќе го отворат првиот кластер „Основи“ што ги опфаќа реформите на правосудството, владеењето на правото, демократските институции, јавната администрација и економските критериуми.






Отворањето на преговорите со Украина долго време беше блокирано од претходната власт во Унгарија, но амбасадорите на 27-те членки на ЕУ неодамна донесоа одлука за отпочнување на процесот.

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, и претседателката на Европската комисија, Урсула вон дер Лајен, оценија дека одлуката претставува „стратешки избор што носи мир, стабилност и напредок во Европа“.

Во меѓувреме, Црна Гора бележи напредок во пристапниот процес и на денешната конференција ќе затвори две поглавја – за слободно движење на работници и за заштита на потрошувачи и здравје. Досега земјата има затворено 14 поглавја и се смета за најнапредна меѓу кандидатите за членство во ЕУ.

Поврзани содржини