КОИ 5 ЛЕКА НАЈМНОГУ СЕ ТРОШАТ ВО МАКЕДОНИЈА? Фондот за здравство платил 58,4 милиони евра за реализирани рецепти

Потрошувачката на антиинфективните лекови (антибиотици, антимикотици, антивирусни лекови), кои се наоѓаат на четврто место според бројот на реализирани рецепти, во 2025 година е намален за 6,71 проценти во однос на 2024 година.

0

Во 2025 година на товар на Фондот за здравствено осигурување во аптеките биле реализирани вкупно 27.334.693 рецепти во износ од 3,59 милијарди денари (58,4 милиони евра), покажуваат податоците од годишниот извештај на ФЗОМ за 2025 година, објави Блумберг.

Како и во изминатите години, и во 2025 година на прво место по бројот на реализирани рецепти и според вкупниот фактуриран износ се лековите за третман на заболувања на кардиоваскуларниот систем.

На второ место, се лековите со дејство на дигестивниот тракт и метаболизмот. Додека според вкупните фактурирани износи на второ место се лековите што дејствуваат на респираторниот систем. Лековите со дејство на централниот нервен систем се на трето место според бројот на реализирани рецепти и според вкупниот фактуриран износ.

Потрошувачката на антиинфективните лекови (антибиотици, антимикотици, антивирусни лекови), кои се наоѓаат на четврто место според бројот на реализирани рецепти, во 2025 година е намален за 6,71 проценти во однос на 2024 година.

Најкористен лек во 2025 година е лекот „метморфин“ (metformin), со приближно 2,03 милиони реализирани рецепти. Овој лек учествува со 7,45 проценти во вкупно реализираните рецепти во 2025 година. Лекот спаѓа во групата на лекови со дејство на дигестивниот тракт и метаболизам и се користи при дијабетес.

Поврзани содржини