ГОЛЕМ ПОЖАР НА ОТПАД ЗА АВТОМОБИЛИ ВО ТЕТОВО На граѓаните им е препорачано да ги затворат прозорците

0

Во автоотпад во Тетово избувна пожар, при што биле зафатени гуми, акумулатори и пластични делови од возила. Пожарникарите со часови се бореле со огнените јазици, а во гаснењето и заштитата на околните објекти се вклучиле и жителите.

– Ова е пожар со малку поголеми размери бидејќи во него горат гуми, но и други работи што ги содржи еден автомобил. Секако, има и експлозии во пожарот поради различните акумулатори што горат на овој автоотпад. Бензинската пумпа е обезбедена, бидејќи околу неа има пожарникари кои ја проценуваат ситуацијата, но засега нема опасност – изјави Авни Амети, началник на ТППЕ Тетово, пренесе ТВ 21.






На местото на пожарот излегол и Општинскиот инспекторат за животна средина, кој проверува дали пожарот предизвикал загадување на животната средина. По добивањето на резултатите од анализите, надлежните најавуваат мерки против сопствениците доколку се утврдат прекршувања на законот.

Поради гумите и другите отпадни материјали што горат, како и густиот чад што се проширил над Тетово, Инспекторатот и пожарникарите им препорачуваат на жителите од околината да ги држат прозорците затворени.

Препораката ќе важи до расчистување на загадувањето.

Поврзани содржини