ПОЖАРОТ КАЈ БИТ-ПАЗАР Е ПОД КОНТРОЛА Опожарени делови од три куќи, гаснеле 22 пожарникари
Опожарен е кров на една двокатна куќа, а поради близина на објектите беа зафатени делови од уште две куќи, вели Звонко Томески, командант на Противпожарната единица - Скопје.
Пожарот што избувна попладнево кај Бит-пазар во Скопје е ставен под контрола. Во интервенцијата учествуваа 9 противпожарни возила и 22 пожарникари.
Од огнот беа зафатени делови од три куќи.
– Станува збор за куќи, индивидуални. Опожарен е кров на една двокатна куќа, а поради близина на објектите беа зафатени делови од уште две куќи. Пожарот позади пазарот е целосно ставен под контрола, сега се работи на расчистување. Интервенирано е со 9 возила, со 22 пожарникари – изјави за МИА, Звонко Томески, командант на Противпожарната единица – Скопје.
Тој додаде дека висината на штетата допрва ќе се утврдува.