ГИ ГРАДИМЕ ТЕМЕЛИТЕ ЗА СЛЕДНИТЕ ПОБЕДИ Мицкоски на прослава на партискиот комитет во Центар
Продолжуваме обединети, со нова енергија, посветеност и јасна визија за иднината, објави премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по повод 36-годишнината од основањето на Општинскиот комитет на партијата во Центар.
Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва присуствуваше на одбележувањето на 36-годишнината од основањето на Општинскиот комитет на партијата во Центар.
Осврнувајќи се на историјата на Општинскиот комитет, истакна дека изминатите 36 години биле исполнети со предизвици, борба, премрежја, истрајност и со заедништво.
Тој посочи дека низ децениите повеќе генерации оставиле свој белег во партиското делување.
Изрази вербата во иднината на Центар и Македонија.
„Продолжуваме обединети, со нова енергија, посветеност и јасна визија за иднината. Пред нас се нови предизвици, нови успеси и уште многу работа за граѓаните на Центар. Со заедништво и посветеност ги градиме темелите за следните победи“ напиша Мицкоски на Фејсбук.