ПАРАДА БЕЗ ТЕНКОВИ НА ЦРВЕНИОТ ПЛОШТАД ВО МОСКВА Путин верува во победа во Украина

Рускиот претседател Владимир Путин ги поздрави руските војници кои се борат во Украина, велејќи дека тие се соочуваат со агресивна сила вооружена и поддржана од целиот НАТО блок.

81

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека е уверен во победа, додека ја надгледуваше воената парада на Црвениот плоштад по повод поразот на нацистичка Германија во Втората светска војна.

Безбедноста во Москва беше засилена додека Путин и неколку странски лидери присуствуваа на парадата по повод 9 Мај, Денот на победата.

Путин ги поздрави руските војници кои се борат во Украина, велејќи дека тие „се соочуваат со агресивна сила вооружена и поддржана од целиот НАТО блок“.

– Победата отсекогаш била и ќе биде наша. Клучот за успехот е нашата морална сила, храброст и смелост, нашето единство и способност да издржиме сè и да го надминеме секој предизвик – рече Путин пред војниците на Црвениот плоштад.

Оваа година, за првпат по речиси 2 децении, парадата се одржа без тенкови, ракети и друго тешко оружје.

Малезискиот крал Султан Ибрахим Искандар, претседателот на Лаос Тонглун Сисулит, казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев, узбекистанскиот претседател Шавкат Мирзоев и белорускиот лидер Александар Лукашенко присуствуваа на свеченостите во руската престолнина.

Роберт Фицо, премиерот на Словачка, членка на Европската Унија се сретна со Путин во Кремљ.

Поврзани содржини