СЕМЕЈНА ГАЛА ВЕЧЕР ВО ВЕНЕЦИЈА Селма Хајек блесна со сопругот, но Валентина и Матилда го украдоа шоуто

Милијардерот Франсоа-Анри Пино се појави со сопругата Селма Хајек, нивната ќерка Валентина и неговата ќерка од првиот брак, Матилда, на гала вечер во пресрет на Биеналето во Венеција

104

Еден од најбогатите луѓе во светот, францускиот бизнисмен Франсоа-Анри Пино, уште еднаш привлече внимание појавувајќи се со семејството во Венеција.

На гала вечерта на Фондацијата „Чини“, одржана на островот Сан Џорџио Маџоре, тој пристигна во друштво на сопругата Селма Хајек, нивната ќерка Валентина Палома и неговата постара ќерка од првиот брак, Матилда.

Настанот се одржа само неколку дена пред отворањето на 61. Меѓународно биенале на уметноста, кое семејството Пино со години финансиски го поддржува.

Додека јавноста често има можност да ги види Валентина и Огистен – синот што Пино го има со супермоделот Линда Евангелиста – неговите деца од првиот брак ретко се појавуваат во јавноста. Токму затоа присуството на 25-годишната Матилда привлече особено внимание.

Ќерката на Селма Хајек и Пино, Валентина Палома, која во септември ќе наполни 19 години, речиси ја достигна мајка си по висина, додека Матилда веќе одамна го надминала својот татко. Двете млади дами беа меѓу најзабележаните вечерта.

Сите членови на семејството беа облечени во црно, во комбинации што зрачеа со минимализам и префинета елеганција. Селма Хајек блескаше во тесен црн фустан со едно откриено рамо и суптилни светкави детали. Матилда носеше сатенска креација со изрез кај половината, додека Валентина се одлучи за впечатлив модел со висок шлиц.

Островот Сан Џорџо Маџоре е едно од најзначајните историски места во Венеција, познат по величествената базилика од 16 век и спектакуларниот поглед кон лагуната.

Франсоа-Анри Пино, директор на модниот конгломерат Керинг, во Венеција има и две значајни уметнички локации – Palazzo Grassi и музејот Punta della Dogana. Со поранешната сопруга Дороте Лепер има син Франсоа и ќерката Матилда, која денес успешно се занимава со моделинг.

Иако ретко се појавуваат заедно во јавност, ова семејно излегување уште еднаш покажа колку се блиски односите во семејството Пино, а добро е познато дека Селма Хајек има одличен однос и со децата од претходните врски на својот сопруг.

Поврзани содржини