МАРКО РУБИО НА АУДИЕНЦИЈА КАЈ ПАПАТА ЛАВ Обид за подобрување на односите меѓу Трамп и Ватикан

Посетата на Рубио на Ватикан е претставена како обид за подобрување на односите по критиките на американскиот претседател Доналд Трамп кон папата Лав XIV.

34

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, денеска во Ватикан беше на долгоочекуваната аудиенција со папата Лав XIV.

Рубио во Ватикан се сретна и со државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин.

Посетата на Рубио на Ватикан е претставена како обид за подобрување на односите по критиките на американскиот претседател Доналд Трамп кон папата Лав XIV. Трамп го нападна папата поради неговиот став против војната со Иран.

Предвидено е денеска Рубио да се сретне и со италијанскиот министер за надворешни работи, Антонио Тајани, и министерот за одбрана, Гвидо Кросето, а утре со италијанската премиерка Џорџа Мелони.

Поврзани содржини