ТАА Е ПРЕТПРИЕМНИЧКА, А ТОЈ ХОЛИВУДСКИ ШАРМЕР Алехандра Силва и Ричард Гир прославија 8 години брак, а еве како се запознале

Пред осум години, претприемничката Алехандра Силва и актерот Ричард Гир се венчаа, но многумина не знаат како се запознале. И покрај нивната 33-годишна разлика во години, нивната врска никогаш не била доведена во прашање.

359

Алехандра Силва (43) и Ричард Гир (76) се венчаа пред 8 години на интимна церемонија на ранчот на актерот во Паунд Риџ, Њујорк.

Бизнисменката од Коруња не го пропушти овој посебен настан и сподели емотивна изјава на љубов кон својот сопруг на социјалните мрежи.

Силва објави албум со досега невидени фотографии од свадбата на својот Инстаграм профил, заедно со носталгична порака:

– Точно пред осум години, се собравме со нашите семејства и луѓето што ги сакаме најмногу за да го прославиме почетокот на нашиот заеднички живот.

Тоа беше еден од најмагичните денови во нашите животи – ден исполнет со љубов, радост, возбуда и чувство дека започнува нешто навистина посебно. Години подоцна, нашата љубовна приказна продолжува – со поголема длабочина, повеќе спомени, повеќе деца, повеќе смеа, повеќе живот… и истиот среќен крај за кој сонував тој ден. Среќна годишнина, љубов моја. Би те избрала повторно, во секој живот – напиша таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alejandra Gere (@alejandragere)

Свадба како од бајките

Љубовната приказна на двојката започнал во 2014 година, кога Ричард Гир престојувал во луксузен хотел во Позитано, Италија, кој тогаш го управувала Алехандра Силва. Двајцата подоцна признале дека станувало збор за силна, речиси судбоносна врска.

Четири години подоцна, на 5 мај 2018 година, тие ја легализираа својата љубов – прво со граѓанска венчавка во Шпанија, а потоа со свечена прослава на ранч во Њујорк. Церемонијата била будистичка, во согласност со нивните духовни верувања, додека декорот бил инспириран од Индија: шаторите од Џајпур, богатите цвеќиња и тибетските знамиња создале атмосфера како од бајките.

Прославата била интимна, далеку од типичниот холивудски гламур.

Силва носела три венчаници за таа пригода. Првиот, особено емотивен, бил винтиџ фустан во викторијански стил – истиот што го носела нејзината мајка кога се омажила. За вечерната прослава, таа избрала боемска креација од израелскиот дизајнер Јанив Перси, додека третиот фустан бил елегантен, бел, со отворен грб и царски крој. Косата ја носела во плетенка украсена со бели цвеќиња.

Семејство и заеднички живот

Фотографиите што Силва ги сподели откриваат интимни моменти: нежни погледи, прегратки, спонтана смеа и романтични бакнежи.

По свадбата, двојката доби две деца – Александар (роден во февруари 2019 година) и Џејмс (април 2020 година). Во нивното семејство се и Алберт, синот на Силва од претходна врска, и Хомер Џејмс Џигме, синот на Гир од бракот со Кери Лоуел.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Richard Gere (@richardgere)

И покрај нивната 33-годишна разлика во години, нивната врска никогаш не била доведена во прашање. Силва често ја фали енергијата и виталноста на својот сопруг, додека Гир нагласува колку му значи семејниот живот.

– Ги имам мојата прекрасна сопруга и децата – сите сме здрави. Тоа е клучот за мојата среќа – изјави неодамна тој за списанието „Пипл“.

 

Поврзани содржини