„ТЕРМОС“ ПОВЛЕКУВА 8 МИЛИОНИ ШИШИЊА И ДРУГИ ПРОИЗВОДИ Нивните капаци можат да експлодираат

Досега имало најмалку 27 случаи на повреди поврзани со овие производи, вклучувајќи посекотини и удари кои барале медицинска помош, и три случаи на трајно губење на видот по удар во окото.

1

Компанијата „Термос“ повлече повеќе од 8 милиони шишиња и други производи откако е откриен дефект што можел да предизвика капачето ненадејно да се исфрли под притисок.

Одлуката за повлекување на производите стоката доаѓа откако американскиот регулатор оцени дека неколку клучни производи се опасни по здравјето.

Проблемот е поврзан со недостатокот на механизам за ослободување на притисокот во капачето. Без оваа безбедносна карактеристика, притисокот може да се насобере во садот, особено ако во него долго се чува  расиплива храна. При отворање, капачето може да се исфрли со голема сила, што претставува ризик за лицето, особено за очите.

Досега се пријавени најмалку 27 случаи на повреди поврзани со овие производи, вклучувајќи посекотини и модринки кои барале медицинска помош. Во три случаи, трајно губење на видот е пријавено по удар во окото.

Се повлекуваат одредени модели од линијата тегли за храна Thermos Stainless King (модели SK3000 и SK30020) и шише Thermos Sportsman (модел SK3010). Моделите може да се идентификуваат со ознаки на дното од производот, а трговската марка Thermos е видлива од страната.

Вкупно, се повлекуваат околу 5,8 милиони садови за храна и 2,5 милиони шишиња продадени помеѓу 2008 и 2024 година, вклучувајќи ја продажбата преку продавници како што се Target, Walmart и Amazon.

За да добијат замена, корисниците ќе треба да обезбедат доказ за сопственост на производот, а во некои случаи, да го испратат до производителот.

European Thermos сè уште не коментирал за инцидентот, што значи дека потенцијалните жалители треба да ги контактираат директно.

Поврзани содржини