ДУИ СИ ГИ СМЕТА ФУНКЦИИТЕ ЗА СЕМЕЈНО НАСЛЕДСТВО Вечните љубители на фотелји не знаат да живеат во опозиција
Изет Меџити не е производ на канцеларии и милувања од Али Ахмети, тој има мандат од Албанците, како градоначалник и како пратеник, со глас, со терен, со луѓе и не е како Бујар Османи, Блерим Беџети, Фатмир Бесими, кои политиката ја сфатиле само како качување на фотелја, порача коалицијата Вреди.
ДУИ ја боли Изет Меџити, затоа што заедно со народот ги испрати во опозиција, соопшти коалицијата Вреди.
Народот вели, каде што те боли забот, таму оди јазикот, додава Вреди.
„ДУИ повторно го пушти стариот филм. Нека запомнат добро: Изет Меџити не е производ на канцеларии и милувања од Али Ахмети. Тој има мандат од Албанците, како градоначалник и како пратеник. Со глас, со терен, со луѓе. Не како Бујар Османи, Блерим Беџети, Фатмир Бесими и кликава на ДУИ, кои политиката ја сфатиле само како качување на фотелја, тендери и личен комодитет. Разликата е голема. Изет бил меѓу народот во маало, додека тие биле во канцелариите на извршната власт и во пазарите за моќ“, се вели во соопштението на Вреди.
Денес најголемите „љубители на фотелји“ се во ДУИ, се додава.
„Таму каде што мала група луѓе околу Али Ахмети ја приватизирале партијата, го туркаат посветениот активист напред како топовско месо, само за самите да се вратат на власт, во фотелји, во тендери и во удобност. Бујар Османи повеќе од 3.700 дена министер, Блерим Беџети повеќе од 5.500 дена на функции и сè уште зборуваат за „заштита на Албанците“. ДУИ Албанецот го гледала само како број за глас, додека функциите како семејно наследство“, соопшти Вреди.
Оваа демагогија повеќе не поминува, порача колаицијата.
„Народот ги прочита. Тие сè уште сонуваат за времето на Груевски, Будимпешта им изгледа како адреса за спас, додека Мијалков го паметат како златен партнер на владеењето. Веќе две години ги лажат активистите дека ќе се вратат на власт, а одговорот за оваа политичка измама го добија не така одамна на локалните избори, каде Вреди ги разби, победувајќи во 10 општини“, се вели во соопштението на коалицијата Вреди.