ОТВОРЕНА E СТЕЧАЈНА ПОСТАПКА ЗА АЛТА БАНКА-БЕЛГРАД Српската Агенција за осигурување депозити има рок од 7 дена да почне да исплаќа отштета

Системот за осигурување на депозити ги штити физичките лица, претприемачите, како и микро, малите и средните правни лица до максимален износ од 50.000 евра, без оглед на валутата или видот на банкарската сметка.

50

Трговскиот суд во Белград денеска отвори стечајна постапка против Алта банка – Белград, а српската Агенцијата за осигурување депозити  која е назначена за стечаен управник објави дека до 6 ноември ќе објави информации за датумот на почеток на исплата на осигурените износи.

Управниот одбор на Агенцијата за осигурување на депозити  ја избра Поштанска Штедионица банка како банка која ќе ги исплаќа осигурените износи на штедачите на Алта банка – Белград.






Агенцијата за осигурување на депозити е должна да започне со исплата на осигурените износи на депозитите во следните седум работни дена.

Штедачите ќе можат да ги повлечат своите осигурени износи во рок од три години.

„Системот за осигурување на депозити ги штити физичките лица, претприемачите, како и микро, малите и средните правни лица до максимален износ од 50.000 евра, без оглед на валутата или видот на банкарската сметка. Сите осигурени лица ќе можат да пристапат до средствата што ги чувале во Алта банка преку банката-плаќач – Банка Поштанска Штедионица. Динарските депозити ќе се исплаќаат во динари, а девизните депозити во евра“, наведува Управниот одбор.

Српскиот Фондот за осигурување на депозити, како што е наведено, има доволно пари на располагање за да ги исплати сите осигурени износи на штедачите во АЛТА банка.

Поврзани содржини