ЉУБОВТА СО ЛЕГЕНДАРНИОТ РОКЕР ТРАЕ ПОВЕЌЕ ОД ДЕЦЕНИЈА Иако тој има 83, а таа 39 години, свршеницата на Мик Џегер тврди дека е помлад од неа

Мелани Хамрик и Мик Џегер Хамрик повторно го привлекоа вниманието кога се појавија заедно на јавен настан – годишниот добротворен бал на Британскиот музеј во Лондон. И додека светот ја пресметува разликата во нивните години, таа вели дека покрај него е среќна и не сака да го менува животот што го изградиле.

7

За Мелани Хамрик, свршеницата на фронтменот на „Ролинг стоунс“, Мик Џегер, годините очигледно не се мерка за љубовта. Кога во мај 2025 година новинарите ја прашаа за разликата од 44 години меѓу неа и славниот музичар, тогаш 37-годишната поранешна балерина одговори со насмевка:

– Тој е помлад од мене. Тој е неверојатен, навистина.






Хамрик и Џегер се заедно од 2014 година, кога се запознале во Токио. Тој бил на турнеја со „Ролинг стоунс“, а таа патувала со Американскиот балетски театар. Две години подоцна го добија синот Деверо, осмото дете на музичарот. Денес, кога таа има 39, а тој 83 години, нивната врска и понатаму привлекува внимание, но Мелани не дозволува туѓите коментари да ѝ го диктираат приватниот живот.

Уште во интервју за „Сандеј тајмс“ во 2024 година, таа објасни дека не размислува многу за разликата во годините и дека научила да ги игнорира туѓите мислења.

– Дали сум среќна? Да. Дали луѓето во мојот живот се среќни? Да. Дали повредувам некого? Не. Тогаш, нека си гледаат своја работа – порача таа. Нејзината порака е јасна: за неа е поважно како функционира нивниот однос отколку што мислат луѓето за него.

Покрај љубовта кон музиката и танцот, парот го поврзува и семејниот живот. Мелани во една прилика откри дека нивниот син ги наследил танцувачките способности на татко му.

– Тоа му е природно, во гените му е. Никој не го научил, никој не влијаел врз него – изјави таа, зборувајќи за неговите спонтани танцувачки движења. Џегер, кој и на 83 години останува активен и препознатлив на сцената, очигледно има достоен наследник кога станува збор за ритамот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Melanie Hamrick (@melhamrick)

Иако се свршени веќе неколку години, свадбата не им е приоритет. Во 2025 година Мелани откри дека свршувачката трае две или три години, но дека не брзаат да направат следен чекор.

– Можеби еден ден ќе се венчаме, а можеби и не – изјави таа, објаснувајќи дека се толку среќни со животот што го имаат што се плаши да сменат нешто што добро функционира.

Неодамна, на 17 октомври, Хамрик и Џегер повторно се појавија заедно на јавен настан – годишниот добротворен бал на Британскиот музеј во Лондон. Нивното присуство потсети дека и по повеќе од десет години заедно остануваат еден од најкоментираните парови во светот на познатите. А ако се суди според одговорите на Мелани, за нив најважно е што се чувствуваат добро заедно, без оглед на бројките во личните документи.

Поврзани содржини