МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК Е НАША ГОРДОСТ, НАША ОБВРСКА И НАША ИДНИНА Честитка од ВМРО-ДПМНЕ по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

Ќе продолжиме да се бориме против секој притисок, секое негирање и секој обид за обезличување на македонскиот народ и неговиот јазик.

29

Македонскиот јазик е темел на нашиот национален идентитет, нашата култура, историја и државност. Тој е јазикот на нашите предци, јазикот на нашата борба, нашата песна, нашата мисла и нашето постоење. На овој ден се потсетуваме дека македонскиот јазик е аманет што сме должни да го чуваме, негуваме и пренесуваме на идните генерации – се вели во честитката на партиајта ВМРО-ДПМНЕ по повод 5 Мај – Денот ан македоснкиот јазик.

„Во време кога се соочуваме со обиди за оспорување и негирање на македонската посебност, нашата должност е уште погласно и поцврсто да застанеме во одбрана на македонскиот јазик. Никој нема право да ни го одземе она што е наше, она што е дел од нашиот корен и од нашата историја.

ВМРО-ДПМНЕ останува силно посветена на заштитата и афирмацијата на македонскиот јазик, дома и пред светот. Ќе продолжиме да се бориме против секој притисок, секое негирање и секој обид за обезличување на македонскиот народ и неговиот јазик.

Македонскиот јазик бил, е и ќе остане жив доказ за нашето постоење. Тој е нашата гордост, нашата обврска и нашата иднина. Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик!“ – се вели во честеитката.

Поврзани содржини