ДАЛИ ПЕНДАРОВСКИ ГРАДИ ЗГРАДА ВО ВЛАЕ СО СЕМЕЈСТВОТО МУСЛИУ? Манасиевски прашува од каде им се милионите за инвестицијата

Дали семејните приходи на поранешниот директор на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу можат да ја оправдаат вредноста на ваков градежен проект и дали поранешниот претседател Стево Пендаровски има каква било финансиска или деловна поврзаност со оваа инвестиција во Влае, праша портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски.

0

Зад мене, во Влае се гради станбена зграда во која како инвеститор се посочува Афродита Муслиу, сопруга на поранешниот директор на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, кој е инаку близок соработник на Стево Пендаровски, рече денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски во изјава од лице место.

– Тука се поставува прашањето на кое јавноста заслужува одговори, а тоа е како со административна плата се стигнува до инвеститор на станбена зграда? Од каде се парите за оваа инвестиција? Дали семејните приходи на Муслиу можат да ја оправдаат вредноста на ваков градежен проект? Дали зад оваа инвестиција стојат и други финансиски партнери. Тука има уште едно име кое мора да даде одговор, а тоа е Стево Пендаровски – рече Манасиевки.






Фото: ВМРО-ДПМНЕ

 

Токму Пендаровски го назначи Еролд Муслиу за директор на Агенцијата за разузнавање во 2019 година, потсети Манасиевски.

– Затоа директно прашуваме, дали е точно дека Стево Пендаровски и Еролд Муслиу, покрај политичката и институционална соработка која ја имаат, имаат и заеднички деловни интереси? Дали Пендаровски има каква било финансиска или деловна поврзаност со оваа инвестиција во Влае – рече Манасиевски.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

 

Тој потсети и на грантот што го доби сопругата на Муслиу од претходната влада.

– Би сакал исто така, да ја потсетам јавноста, дека во 2024 година токму Афродита Муслиу, сопругата на Еролд Муслиу, доби грант од 620.000 евра од тогашната Влада на СДСМ, која склучила меморандум со Конзорциум на невладини организации чиј основач е токму сопругата на Еролд Муслиу – рече тој.

Додека Венко Филипче говори за некаква организирана криминална група, групата криминалци е токму во СДСМ, потенцира Манасиевски.

– Очекуваме јасни одговори од Муслиу и од Пендаровски, за тоа дали се партнери во оваа изградба на станбен објект, и секако, како со административна плата се гради зграда за која треба да се инвестираат милионски суми – рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

Поврзани содржини