📷 НАЈЛОШО ОБЛЕЧЕНИ, НАЈДОБРО ОБЛЕЧЕНИ, МЕТ ГАЛА 2026 Од најголем моден настан до панаѓур на суети

Првиот понеделник во мај е резервиран за љубителите на модата и се чека само едно нешто - Мет Гала. Тие што се таму, скапо плаќаат за да присуствуваат на најважниот моден настан кој полека но сигурно прераснува во вистински циркус. Иако, за вкусови не треба да се расправа... Патем, ви изгледа ли ќерката на Бијонсе како да има само 14 години?

12

Најгламурозната вечер во модната индустрија повторно ги собра најголемите ѕвезди на скалите на Метрополитен музејот во Њујорк.

Иако однадвор изгледа како најлуксузната забава во светот, Мет Гала всушност има многу строги правила до кои секој мора да се придржува. Дури и најголемите светски ѕвезди не се исклучок.

Не можете да дојдете на Мет Гала само затоа што сте познати, мора да бидете поканети. Но, и тоа не е доволно, односно, не можете да влезете само затоа што имате покана, туку мора да си купите и влезница која, патем, годинава достигнала вртоглави 100.000 долари по лице.
Па така, најголемата ноќ во светот на модата полека станува и една од најскапите.

Овој традиционален настан, познат по луксузните, честопати екстравагантни модни изданија на познати личности на црвениот тепих, го означува отворањето на пролетната изложба на Институтот за костими во Метрополитен музејот. Темата за оваа година е „Модата е уметност“, а е инспирирана од претстојната изложба „Костимот како уметност“, која, според Vogue, го истражува односот помеѓу облеката и телото што ја носи.

Мет Гала е ноќ на модата, но сите сакаат да ги видат и модните промашувања, а иако за вкусови не треба да се расправа, не можеме а да не заклучиме дека од година во година ги има се повеќе.

Еве некои од најлошо облечените ѕвезди годинава. Оваа година, трите најлошо облечени дами на Мет Гала беа: Кајли Џенер, Сара Полсон и Кејти Пери, додека Хајди Клум ја понесе титулата на најбизарен изглед на Мет Гала 2026.

Кејти Пери

Вонземјани или вештачка интелигенција – не беше јасно која идеја стоеше зад фустанот што го носеше Кеjти Пери, која се појави со шлем во роботски стил на главата. Овој изглед, кој содржеше бел фустан со квадратен крој и бели оперски ракавици, беше прогласен за неуспех на вечерта.

 

Фото: EPA/SARAH YENESEL

Хајди Клум

Хајди Клум се појави како жива статуа на Мет Гала, а многумина рекоа дека моделот ја промени темата и успеа да го „прошверцува“ својот најомилен празник – Ноќта на вештерките – на модниот настан на годината
Хајди Клум е веќе ветеран на Мет Гала и секоја година нејзиниот изглед е провокативен, само што оваа година го направи тоа на исклучително бизарен начин.

Hajdi Klum
Фото: EPA/SARAH YENESEL

Кајли Џенер

Сите се согласија дека ова не е нејзиниот најдобар избор за Мет Гала. Носејќи фустан од Скајпарели со тесен корсет од телешка кожа и кремасто сатенско здолниште, Кајли изгледаше како некој да почнал да ја облекува и да застанал на половина пат. Задниот долен дел од фустанот имаше лабав изглед, а таа го комбинираше со драматична фризура, оставајќи само едно праменче околу очите, дебели бисерни обетки и соодветен ѓердан.

Kajli Jener Met Gala 2026
Фото: EPA/SARAH YENESEL

Сара Полсон

Актерката Сара Полсон носеше драматичен, сив фустан од тил со голема машна на деколтето и додаде банкнота од еден долар околу очите, јасно сугерирајќи дека сме заслепени од парите.

Изгледот го надополни со пар бели оперски ракавици. Многумина сметаа дека заслепената од долари е здодевна, а актерката беше во потесен избор за најлошо облечени дами на Мет Гала.

Sara Paulson Met Gala 2026
Фото: EPA/SARAH YENESEL

Покрај овие, барем според нас, имаше и уште еден куп модни неуспеси што ја одбележаа овогодинешната Мет Гала. Меѓу нив и Бијонсе која дојде со својот сопруг и 14-годишната ќерка Блу Ајви, со што го прекрши правилото на овој моден настан, според кое не треба да присуствуваат помлади од 18 години.

Фото: EPA/SARAH YENESEL

 

Ким Кардашијан

За најдобро облечена според некои критичари беше прогласена риалити ѕвездата Ким Кардашијан. Таа доминираше на скалите на Метрополитен музејот на уметност во Њујорк во последните 13 години, но синоќешното појавување беше оценето како чиста десетка.

Фото: EPA/SARAH YENESEL

 

Ким ги покажа своите познати облини во футуристички, златен фустан без ракави од британскиот поп-уметник Ален Џонс и дизајнерското дуо Витакер Малем.

Провокативниот ансамбл оддаде почит на постерот на Џонс од 1975 година за порнографскиот филм „Maitresse“.

Бојата на косата, нежна шминка која ги истакнува само нејзините очи и корсет кој „сè држи на место“ ја направија Ким Кардашијан најдобро облечената ѕвезда на Мет Гала 2026.

Поврзани содржини