📷 ЌЕ СЕ БАРА ОДГОВОРНОСТ ЗА ПОЖАРОТ ВО ВИЗБЕГОВО Ѓорѓиевски најавува истрага и апелира на смиреност

„Апелираме до граѓаните за смиреност, внимателност и почитување на насоките на надлежните служби“ – вели во својата објава на Фејсбук градоначалникот Ѓорѓиевски.

276

Ве информираме дека во тек е интервенција за гаснење на пожарот кој денес избувна во Визбегово, на локација кај обиколницата, каде запален е приватен имот каде што биле складирани стари автомобили, објави градоначаникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски.

„Апелираме до граѓаните за смиреност, внимателност и почитување на насоките на надлежните служби“ – вели во својата објава на Фејсбук градоначалникот Ѓорѓиевски.

„Скопската противпожарна бригада на Град Скопје веднаш е излезена на терен и со сите расположливи возила, опрема и човечки капацитети активно дејствува во справување со пожарот.

Паралелно, на терен се и инспекторите на Град Скопје, а за случајот се информирани Министерството за внатрешни работи, Државниот инспекторат за животна средина, како и Јавното обвинителство.

Состојбата се следи внимателно, а институциите постапуваат координирано, со цел пожарот да биде ставен под контрола, да се заштитат граѓаните и да се утврди одговорност за настанатата состојба.

Градот Скопје нема да дозволи неодговорното однесување и создавањето диви депонии да го загрозуваат здравјето на граѓаните и животната средина. Секој што го загрозува јавниот интерес, мора да сноси одговорност“ – пишува Ѓорѓиевски.

Поврзани содржини