НИТУ ЕДЕН НЕ Е ПОГОДЕН, ТВРДАТ АМEРИКАНЦИТЕ Иранците објавија дека ракетирале американски воен брод близу Ормус

Претседателот на САД, Доналд Трамп ја најави операцијата „Проект Слобода“ за ослободување на заробените бродови во Персискиот Залив и предупреди дека секоја акција што ја попречува американската операција ќе биде решително запрена со сила.

315

Централната команда на САД за Блискиот Исток (CENTCOM) соопшти дека не се погодени американски воени бродови во близина на Ормус, откако претходно иранските медиуми објавија дека воен брод е погоден со 2 ракети.

„Американските сили го поддржуваат Проектот Слобода и спроведуваат поморска блокада на иранските пристаништа“, се додава во соопштението на CENTCOM.

И висок американски функционер за Аксиос негираше дека воен брод бил погоден од ирански ракети во близина на Ормускиот Теснец.

Претседателот на САД, Доналд Трамп за денеска ја најави операцијата „Проект Слобода“ за ослободување на заробените бродови во Персискиот Залив и предупреди дека секоја акција што ја попречува американската операција „ќе биде решително запрена со сила“.

Иранската новинска агенција Фарс претходно објави дека 2 ракети погодиле американски воен брод во близина на островот Џаск, откако тој ги игнорирал предупредувањата да застане.

Агенцијата, повикувајќи се на локални извори, соопшти дека воениот брод потоа се повлекол од областа.

Иранската војска, пак, тврди дека ги спречила американските разурнувачи да влезат во теснецот.

„Со цврсто и брзо предупредување од морнарицата на Исламската Република, влезот на американските и ционистичките непријателски разурнувачи во Ормускиот Теснец беше спречен“, објави одделот за односи со јавноста на војската на Иран.

Иранската морнарица денеска обави мапа на кпја е означено кој дел од Ормускиот Теснец е под нејзина контрола.

 

На запад, областа започнува со линија помеѓу врвот на иранскиот остров Кешм и емиратот Ум ал-Куваин во Обединетите Арапски Емирати. На исток, завршува со линија помеѓу иранската планина Мобарак и емиратот Фуџаира во ОАЕ.

СО 100 АВИОНИ, БРОДОВИ, ДРОНОВИ И СО 15.000 ВОЈНИЦИ САД ЌЕ ГИ ОСЛОБОДУВААТ ЗАРОБЕНИТЕ БРОДОВИ ВО ОРМУС Почнува американската операција „Проект слобода“

Поврзани содржини