РИСИМА РИСИМКИН СО СПЕКТАКЛ ВО БИТОЛА „Будење“ го затвора Танц Фест со 30 танчери

Со бесплатна изведба на „Будење“ на кореографката Рисима Рисимкин и 30 танчери на сцена, Танц Фест 2026 се затвора во Битола, отворајќи ново поглавје надвор од Скопје.

42

Интернационалниот фестивал Танц Фест 2026 ќе го затвори своето овогодинешно издание на 5 мај во Народен театар Битола, со премиерна изведба на претставата „Будење“ на кореографката Рисима Рисимкин.

Станува збор за впечатлива сценска продукција во која настапуваат 30 танчери, а влезот за публиката е бесплатен.

Пред почетокот на претставата ќе биде доделена специјалната награда „Менада“ за поддршка на современиот танц на градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.

Затворањето на фестивалот со настан надвор од Скопје симболизира нов правец во развојот на фестивалот – проширување кон нови сцени и публика низ земјата.

Претставата „Будење“ носи силна сценска енергија и се занимава со теми како меѓучовечките односи, стереотипите и судирот меѓу индивидуалниот и колективниот идентитет. Преку движење и телесен израз, танчерите ги отвораат прашањата за општествените норми, личните позиции и трансформацијата на човекот во современото општество.

Музиката за претставата ја потпишува Тони Китановски, костимите се дело на Благој Мицевски, а сценскиот дизајн го изработи Матеа Мијановиќ.

Фестивалот е поддржан од Министерство за култура и туризам, Општина Битола, како и од повеќе партнери од приватниот сектор: Виталија, Божиновски часовници и накит & Божиновски Фондација, Државна видеолотарија на Македонија, Бовин, Витамини.мк, Делфино мобилити груп со Geely, Lynk & Co и Sixt., Yeppeuda, СИД Камп.

Поврзани содржини