ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА ЈАПОНСКАТА ТРАДИЦИЈА Фестивалот Сакура ќе се одржи на 18 април во Скопје

57

На 18 април 2026 година, во паркот „Авионче“, ќе се одржи Sakura Festival, културно-едукативен настан кој има за цел да ја доближи јапонската традиција, уметност и филозофија до локалната публика преку внимателно осмислена програма.

Настанот ќе се реализира во периодот од 12 до 15 часот и претставува синергија на едукативни, културни и забавни содржини, наменети за широка публика, вклучувајќи семејства, млади и љубители на интернационални култури.

Програмата на фестивалот опфаќа: музички дел со настап на DJ, едукативна работилница „Играме И-ГО“ со професор Јошио Којама, насочена кон промоција на стратегиското размислување преку традиционалната јапонска игра и презентација на јапонски боречки вештини, со акцент на дисциплина, техника и културно наследство.

Настанот е поддржан од Општина Аеродром и е отворен за јавноста.

Поврзани содржини