РАБОТОДАВЕЦОТ НА ЗАГИНАТИОТ ДУРМИШИ БАРА ПРАВДА „Михаилова мора да одговара 25 години затвор за убиство“
Михаилова мора да биде осудена на најмалку 25 години затвор! Секој што ќе донесе пресуда спротивна на ова, ќе го носи тој грев на својата душа засекогаш, напиша Сефер Аземи, човекот за кој работел покојниот Бесим Дурмиши, од Љуботен кој загина по сообраќајката со Ива Михаилова, која викендов побегна во Бугарија.
Човекот за кој работел покојниот Бесим Дурмиши од Љуботен кој загина по сообраќајката со Ива Михаилова, која викендов побегна во Бугарија, бара правда за својот работник, за кого вели дека бил добро момче.
Сефер Аземи бара затворска казна од 25 години за според него, убиството на неговиот вработен.
„Бесим беше мој вработен – искрен, чесен и многу вреден, нека почива во мир и нека Господ ѝ подари место во рајот на неговата душа! Што се однесува до оваа Ива, таа мора да одговара за убиството на Бесими и за блокирањето на патот од спротивната насока. Мора да биде осудена на најмалку 25 години затвор! Секој што ќе донесе пресуда спротивна на ова, ќе го носи тој грев на својата душа засекогаш“, напиша Аземи.
Тој коментира откако уредникот на Радио Лидер Љупчо Златев откри кој е загинатиот во сообраќајката за која се гони избеганата Ива Михаилова.