Ѝ СЕ ЗАКАНИЛ СО НОЖ ДОДЕКА ПИЕЛА КАФЕ, ПА Ѝ ЈА УКРАЛ ЧАНТАТА Разбојникот извадил 4.000 денари од паричникот и избегал

Жената ја оставила чантата на столицата до себе. Осомничениот ѝ се заканил со нож, ги зел парите од паричникот, а чантата ја фрлил на земја. Обвинителството бара притвор.

0

Жена во Тетово останала без 4.000 денари откако маж ѝ се заканил со нож додека седела пред кафетерија и пиела кафе, а потоа ѝ ја грабнал чантата. Осомничениот го извадил паричникот со парите, а чантата ја фрлил на земја и избегал, продолжувајќи да ѝ се заканува со ножот.

Инцидентот се случил на 26 ноември. Жената ја оставила чантата на столицата до себе додека седела пред кафетеријата, кога осомничениот ѝ се приближил и со закана со нож ѝ ја одзел.






По грабежот, тој го извадил паричникот во кој имало 4.000 денари, а чантата ја фрлил на земја. Потоа побегнал од местото, сè уште заканувајќи се со ножот.

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против осомничениот за кривично дело „тешка кражба“ според член 236 став 1 точка 4 од Кривичниот законик.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Тетово доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Поврзани содржини