СИСТЕМОТ ЗА ВЛЕЗ И ИЗЛЕЗ ВО ЕУ ГО БЛОКИРА АВИОСООБРАЌАЈОТ Авиопревозниците бараат поголема флексибилност до крајот на летото
Аеродромските организации ACI Europe и Airlines for Europe (A4E) изјавија дека првиот целосен ден од EES бил „обележан со прекини во сообраќајот на патниците, доцнења и пропуштени летови“.
Европските авиопревозници и аеродроми бараат Европската комисија да овозможи поголема флексибилност во примената на системот за влез-излез ЕЕС до крајот на летото.
Тие бараат на граничните контроли да им се даде можност целосно да го суспендираат системот кога времето на чекање ќе стане прекумерно со цел да се овозможи патниците да не ги пропуштаат летовите.
Аеродромските организации ACI Europe и Airlines for Europe (A4E) изјавија дека првиот целосен ден од EES бил „обележан со прекини во сообраќајот на патниците, доцнења и пропуштени летови“. Тие ги повторија претходните предупредувања за ризиците од имплементација и сега бараат на властите да им се дозволи целосно да го суспендираат системот кога доцнењата ќе станат прекумерни.
-Ќе продолжиме внимателно да ги следиме случувањата во наредните денови, но веќе е очигледно дека е веднаш потребна поголема флексибилност. На властите за гранична контрола мора да им се дозволи целосно да го суспендираат EES кога времето на чекање ќе стане прекумерно. Ова е од суштинско значење не само во наредните недели, туку и во текот на целиот шпиц на летната патна сезона – изјавија Оливие Јанковец, генерален директор на ACI Europe, и Уранија Георгуцаку, генерален директор на A4E во заедничка изјава.
Иако ја потврдуваат поддршката за целите на EES, тие нагласуваат дека подобрувањата на безбедноста на границите не смеат да ја поткопаат оперативната ефикасност или привлечноста на Европа како туристичка дестинација, особено во услови на пошироки нарушувања на воздушниот сообраќај.
Искуствата од првата недела на целосна приемна на системот говорат дека аеродромските шалтери стануваат преоптоварени поради процедурите, патниците чекаат и под 2 до 3 часа и пропуштаат летови, а авионите летаат без договорениот број патници. Од друга страна авиокомпаниите се соочуваат и со дополнителни трошоци за промена на резервациите или исплата на износите за билетите за кој патниците бараат поврат на парите.
Ова, велат од авиокомпаниите ги одвраќа идните патници да се одлучат за авионски превоз што во сегашните кризни услови е и дополнителен проблем.
Ваков случај имаше на аеродромот Линате во Милано кога речиси 100о патници не можеа да се качат на летот на EasyJet за Манчестер поради сериозни доцнења, додека на друг лет немаше патници во времето кога вратата на авионот требаше да биде затворена.