Следниот економски шок веќе започна: дали Македонија е подготвена?

Следниот економски шок веќе стигна, и се гради преку енергијата, инфлацијата и забавениот раст. Прашањето веќе не е дали ќе бидеме погодени, туку дали сме подготвени.

132

Глобалната економија повторно влегува во период на сериозна неизвесност, а конфликтот во Иран веќе не е само геополитичко прашање, туку директен економски фактор. За разлика од претходните кризи, овој пат сигналите не се скриени. Тие се јасни: растечки енергетски ризици, нарушени синџири на снабдување и зголемен притисок врз цените.

Важно е да бидеме прецизни, цените на нафтата покажуваат нагорен притисок и висока волатилност, но не се во неконтролиран раст како во 2022 година (кризата во Украина) кога економиите биле доволно стабилни. Не станува збор за шок кој веќе експлодирал и треба да го регулираме, туку за шок што се акумулира постепено, додека економиите се веќе ослабени.

Тројниот притисок: енергија, инфлација, слаб раст

Следниот економски удар ќе дојде од комбинација на три фактори.

Прво, енергијата, доволно е да се наруши протокот низ клучни точки како Персискиот Залив за да се создаде нервоза на пазарите. Дури и без целосен прекин, самата неизвесност ги турка цените нагоре и ги прави нестабилни.

Второ, инфлацијата! Енергијата не останува како изолиран фактор, таа се прелева во транспорт, производство и на крај во храната. Ова значи нов инфлаторен бран, но овој пат во услови на веќе намалена куповна моќ (не како во 2022).

Трето, економскиот раст. Институции како Меѓународен монетарен фонд веќе предупредуваат на забавување. Комбинацијата од високи цени и слаб раст е најтешкото можно сценарио на стагфлација.

Европа: помеѓу реалноста и илузијата

Во ваков контекст, одговорот на Европа е, благо кажано, неуедначено (unevenly/not uniform). Наместо јасна стратегија, често се слушаат пораки кои звучат повеќе како кампања за штедење отколку како економска политика.

Претседателката на ЕУ, Урсула фон дер Лајен, изјави дека „најевтината енергија е онаа што не ја користите“. Во превод: останете дома, не возете, не трошете струја.

Ова можеби е порака за домаќинствата, но не и за економијата. Индустријата, фабриките и производствените сектори не можат да функционираат на принципот „не користете енергија“. Таквите пораки би требало да важат за владите да не трошат неефикасно а не за економските двигатели.

Дополнително, политичките сигнали од Брисел отвораат нови прашања. Дел од европските лидери, вклучително и Урсула фон дер Лајен и Каја Калас, отворено ја поздравуваат промената на политичката сцена во Унгарија, додека Володимир Зеленски исто така реагира позитивно.

Но за европските граѓани, прашањето е поинакво: дали ова значи уште поголем фискален товар, нови долгови и продолжување на скапи геополитички ангажмани? Сатирично кажано, ентузијазмот за политички победи не секогаш оди рамо до рамо со економска одговорност.

Енергетски ризик: сценарио што Европа не го контролира

Дополнителен удар доаѓа од глобалниот енергетски пазар. Катар, еден од најголемите извозници на течен природен гас, сигнализираше сериозни нарушувања, вклучително и суспензија на дел од испораките кон Европа.

Станува збор за околу 77 милиони тони LNG годишно, количина што не може лесно да се замени. Во ваков контекст, прашањето не е дали ќе има недостиг, туку кој и како ќе го покрие. Додека ЕУ прави проценка за алтернативно решение за обезбедување на течен природен гас (вклучувајќи купување повеќе гас од Русија), Русија воведува забрана за извоз на гас за наредните 4 месеци, почнувајќи од 1 април.

Во ваков случај, ЕУ ќе мора да купи 3 пати поскап течен природен гас од САД за да го компензира или за да го амортизира дефицитот.

Македонија: пасивен набљудувач на активна криза

Во оваа комплексна ситуација, Македонија останува во иста позиција, реагира, но не води.

Реалноста е:

– висока енергетска зависност

– ограничена индустриска база

– бавни институционални реакции

Наместо да се подготвува за следниот удар (за од прилика 14 дена од сега), економијата сѐ уште го апсорбира тековниот удар.

Што мора да се направи реално и веднаш?

Прво, потребно е итно намалување на изложеноста на енергетските пазари. Тоа значи долгорочни договори, зголемени резерви и минимизирање на зависноста од дневни ценовни шокови.

Второ, мора да се обезбеди ликвидност во економијата. Во криза, проблемот не е профитабилноста, туку преживувањето. Без брз пристап до финансии, компаниите стануваат први жртви.

Трето, социјалната заштита треба да биде таргетирана и прецизна. Поддршката мора да оди кон најранливите, без да се наруши функционирањето на пазарот.

Четврто, потребно е кратење на не-приоритетни јавни трошоци. Фискалниот простор мора да се зачува за моментот кога кризата ќе ескалира.

Петто, диверзификација на снабдувањето не смее да биде стратегија на хартија, туку итна акција особено за енергија, храна и суровини.

Шесто, домашното производство мора да се стимулира. Дури и ограничено зголемување може значително да го ублажи надворешниот шок.

И конечно, најважното, подготовка за најлошо сценарио. Енергетски прекини, ценовни скокови и нарушени синџири не се хипотези, туку реални ризици.

 

Прашањето е дали сме подготвени

Следниот економски шок веќе стигна, и се гради преку енергијата, инфлацијата и забавениот раст. Прашањето веќе не е дали ќе бидеме погодени, туку дали сме подготвени.

 

Поврзани содржини