МЕЧКА НАПАДНАЛА СТАДО И ИЗЕЛА ЕДНА ОВЦА ВО БИТОЛСКО Сопственикот го пријавил настанот во полиција
Жител на селото Крклино, битолско пријавил дека во атарот на Крклино кај местото викано Црна Река мечка му го нападнала стадото со овци, при што удавила и изедела една овца, соопшти полицијата.
Мечка нападнала стадо во битолското село Крклино и удавила една овца, соопшти битолската полиција.
„На 30.5.2026 година во 11:30 часот во СВР Битола, жител на селото Крклино, битолско пријавил дека истиот ден во околу 9.30 часот во атарот на Крклино кај местото викано Црна Река од страна на мечка му било нападнато стадото со овци, при што удавена и изедена била една овца“, соопшти полицијата.