🎥 ВОЗДРЖЕТЕ СЕ ОД МОРАЛИЗИРАЊЕ, ЗАЈАКНЕТЕ СИ ЈА ОДБРАНАТА Министерот за војна на САД ги искритикува Европејците
Американскиот министер за војна, Пит Хегсет ги обвини европските престолнини дека долго време се држат до празна глобалистичка реторика за меѓународен поредок базиран на правила, додека ги прошируваат своите граници и ги исцрпуваат своите војски.
Американскиот министер за војна, Пит Хегсет, повторно ги критикуваше нивните европски сојузници и притоа ги обвини дека „предолго“ ги игнорираа повиците за зајакнување на одбраната и ги повика да се воздржат од „морализирање“.
Обраќајќи се на големата конференција за одбрана во Сингапур, „Дијалог Шангри-Ла“, Хегсет објави „важни одлуки“ поврзани со безбедноста во Европа. Ги пофали азиските земји кои, според него, „одамна сфатија дека основата на трајното партнерство не се базира на идеалистички вредности, туку на конкретната хармонизација на националните интереси“.
– Кога нашите интереси се совпаѓаат, дејствуваме решително заедно. Кога нашите интереси се разликуваат, се прилагодуваме прагматично, без драма и без морализирање. Мислам дека Западна Европа би можела да научи од тоа – рече тој.
Повторувајќи го нагласено критичкиот став на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп кон Европејците, Хегсет ги обвини европските престолнини дека долго време се држат до „празна глобалистичка реторика за меѓународен поредок базиран на правила, додека ги прошируваат своите граници и ги исцрпуваат своите војски“.
Трамп долго време бараше Европа да преземе поголема одговорност за сопствената безбедност. Тој сака да го намали американското воено присуство на континентот, прашање кое повторно стана актуелно во последните недели, откако европските земји одбија да ја поддржат неговата војна против Иран.
– Европа и НАТО мора да донесат важни одлуки, а наскоро ќе дознаете повеќе. Предолго време учтивите апели до нашите европски сојузници да трошат повеќе за сопствена одбрана беа мртва буква – се пожали американскиот министер за војна.
Под притисок на американскиот претседател, НАТО минатата година конечно прифати да постави цел за инвестирања за одбраната во износ од 5 проценти од БДП на своите членки, но повеќето земји се сè уште далеку од таа цел.
На неодамнешниот состанок на НАТО во Шведска американскиот државен секретар Марко Рубио им потврди на Европејците дека ќе мора да научат да живеат со помалку американски војници.
Secretary Hegseth delivered a sharp wake-up call to Europe while expressing strong optimism for the new Indo-Pacific alliances taking shape.
Out with the old, failed partnerships. In with fresh alliances built on real strength, shared responsibility, and allies who actually step… pic.twitter.com/MjP1w2Zl5n
— JJ🕊️ (@jesseyjay94) May 30, 2026