ПСЖ СО ПЕНАЛИ ГО ПОБЕДИ АРСЕНАЛ И СТИГНА ДО ЕВРОПСКАТА ФУДБАЛСКА КРУНА Втор пат по ред Парижаните ја освоија Лигата на шампиони

Фудбалскиот клуб ПСЖ вечерва на пенали со резултат 4:3 го победи Арсенал во финалето на Лигата на шампионите за сезоната 2025/26.

0

Фудбалскиот клуб ПСЖ вечерва на пенали со резултат 4:3 го победи Арсенал во финалето на Лигата на шампионите за сезоната 2025/26.

Натпреварот се одигра на „Пушкаш Арена“ во Будимпешта, Унгарија. По основните 90 минути и дополнителните 30 минути заврши нерешено 1:1.






Во 6. минута, Каи Хаверц им донесе водство на лондонци. Во 65. минута, Усман Дембеле го реализираше пеналот за израмнување на резултатот.

За прв пат по 10 години, победникот на Лигата на шампионите беше решен во изведување на пенали.

ПСЖ ја освои Лигата на шампионите втора сезона по ред. Во финалето во 2025 година, Парижаните го победија Интер со 5:0. Тимот учествуваше и во финалето во 2020 година, кога ПСЖ загуби со 1:0 од Баерн.

Арсенал не успеа да стане европски шампион ниту по своето второ финале. „Топчиите“ играа финале и во сезоната 2005/06.

Поврзани содржини