АКТЕРОТ ЃОРЃИ ЈОЛЕВСКИ ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА „23 ОКТОМВРИ“ Наградени се и професорите Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ-Адамс

0

Актерот Ѓорѓи Јолевски е добитник на државната награда „23 Октомври“ за остварување во областа на културата и уметноста.

За остварување во областа на науката, наградата им се доделува на проф. д-р Стојко Стојков, историчар и на проф. д-р Виктор Лилчиќ-Адамс, археолог.






Одлуката ја донесе Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, во согласност со Законот за државните награди, законите за изменување и дополнување на Законот за државните награди.

Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 23 октомври 2026 година (петок) во 11 часот, во Собранието на Република Северна  Македонија.

Поврзани содржини