„СЕСТРА, БРАТ И ШАХТА” НА МАНЧЕВСКИ В НЕДЕЛА ВО МАКЕДОНСКА ФИЛХАРМОНИЈА По успесите во странство, премиера пред домашната публика

Пред публиката ќе се поклонат актерите и членовите на филмската екипа, кои го создадоа филмот, вклучувајќи и шест гости од Англија, Италија, Бугарија, Србија и Албанија.

3

На 29 ноември новиот филм на Милчо Манчевски ќе ја има македонската премиера во Скопје. Филмот „Сестра, брат и шахта”, добитникот на Гран при во Токио, е втор македонски филм , после „Пред дождот”, што победил на фестивал од А категорија. После главната награда во Токио, „Сестра, брат и шахта” доживеа успех и на фестивалите во Каиро и во Белград.

Гала премиерата со црвен килим е најавена за големата сала на Македонската филхармонија. Организаторите информираат дека присуството го потврдиле 24 странски амбасадори во Македонија, претставници на државниот врв, како и бројни видни граѓани.






Пред публиката ќе се поклонат актерите и членовите на филмската екипа, кои го создадоа филмот, вклучувајќи и шест гости од Англија, Италија, Бугарија, Србија и Албанија.

„Сестра, брат и шахта” е комедија и сатира, но и психолошка студија за брат и сестра, кои живеат надвор од тековите на општеството. Филмот си поигрува со жанровските класификации, мамејќи и солзи и смеа. Иако се случува во денешна Македонија, филмот содржи универзално размислување за тоа како луѓето живеат и се поврзуваат во современиот свет.

Филмот се снимаше со меѓународна екипа на локации низ и околу Скопје. Копродуценти се Гала филм од Бугарија, Сенс продакшн од Србија, Амаркорд продакшн и Аугустус колор од Италија, Беркли медиа груп од Англија и Тирана филм институт од Албанија.

Поврзани содржини