ПРЕМИЕРА НА „МОБИ ДИК“ ВО ТЕАТАРОТ ЗА ДЕЦА Претставата е наменета за публика над 10 години

4

Театарот за деца и младинци утревечер премиерно во 19 часот ќе ја изведе претставата „Моби Дик“, работена според романот на Херман Мелвил во режија на Дамјан Кецојевиќ. Станува збор за семејна претстава наменета за публика над 10 години и низ приказната за опсесивната потрага по белиот кит отвора низа прашања за човечката природа, опсесијата, пријателството, моралните избори и односот на човекот кон природата.

Во претставата играат Ана Левајковиќ-Бошков, Мики Анчевски, Наташа Петровиќ, Никола Наковски, Ненад Митевски, Петар Стојанов и Симона Спировска. Драматизацијата и адаптацијата се на Тијана Грумиќ, драматург е Драгана Лукан Николоски, сценограф Андреја Рондовиќ, а музиката ја потпишува Круме Стефановски.






Кецојевиќ нагласи дека претставата не е наменета исклучиво за деца, туку е конципирана како семејно искуство во кое различни генерации можат да препознаат различни значења и пораки. ​Потенцира дека во поделбата нема имиња на ликови, туку само имиња на актери, бидејќи сите играат повеќе улоги (вклучувајќи наратори и различни ликови) и учествуваат во сценските промени.

Костимографката Александра Лалиќ истакна дека наместо историски костими од 19 век, избран е современ визуелен пристап кој ја следи универзалноста на приказната.

Композиторот Круме Стефановски, кој по дваесетина години повторно работи во Театарот за деца и младинци, рече дека музиката се создавала низ долг процес на разговори и анализа на текстот.

 

Поврзани содржини