УДРИЛ ЧОВЕК НА ТРОТИНЕТ И ПОБЕГНАЛ Несовесен возач во предизвика несреќа во Скопје

Несреќата се случила вчера попладне на улицата „15 Корпус“ во Скопје.

105

Уште една сообраќајка со бегство се случи вчера во Скопје, овојпат на улицата „15 Корпус“, каде што автомобил удрил во електричен тротинет.
Несреќата била пријавена околу 16:30 часот. Тротинетот го управувал 37-годишен скопјанец, кој притоа се здобил со тешки телесни повреди.
Возачот на автомобилот „мицубиши“ веднаш по судирот избегал од местото на настанот.
Повредениот бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, а полицијата изврши увид и работи на пронаоѓање на сторителот.

Поврзани содржини