СЕ ЗАКАНУВАЛ И СЕ СЕЧЕЛ СО НОЖ, ПОЛИЦИЈАТА ПУКАШЕ Драма во Кавадарци со агресивен маж кој се повредувал

36-годишен кавадарчанец бил агресивен во домот, им се заканувал на полицајците, по што следеле предупредувачки истрели.

228

Тензична и опасна ситуација се одиграла во Кавадарци во раните утрински часови, кога полицијата интервенирала по пријава за агресивно однесување во дом.

Според информациите, 36-годишен жител на градот се однесувал насилно и се обидел да се повреди со остар предмет. Кога пристигнале полициските службеници, ситуацијата дополнително ескалирала. Мажот почнал да им се заканува, а во еден момент си нанел и повреди.






За да ја стават ситуацијата под контрола, полицајците испукале два предупредувачки куршуми во воздух.

Мажот бил совладан и приведен, по што веднаш бил пренесен во Општата болница во Кавадарци за укажување лекарска помош.

За случајот е известен јавен обвинител, а по негово целосно расчистување ќе следува соодветна пријава.

Поврзани содржини