НЕЗАКОНСКИ Е ПРАТЕНИК ДА ИМА ДВОЈНО ДРЖАВЈАНСТВО Законот за пратеници е јасен, СДСМ ја замајува јавноста

Бране Петрушевски, пратеник ов ВМРО-ДПМНЕ вели дека СДСМ е неинвентивна партија, која одржува банални и смешни пресконференции.

0

Со измените во Законот за пратеници се забранува пратеник да има двојно државјанство, такашто лагите на СДСМ се демантираат. СДСМ е целосно неинвентивна и без никаков кредибилитет и постојано измислувала лаги за владејачката партија, а една од таквите лаги е тврдењето дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ имале бугарски пасоши – рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во интервју на телевизијата Алсат М.

– Подолг временски период, ние во принцип имаме една опозиција во СДСМ којашто е тотално неинвентивна, без никаков кредибилитет, со никакви идеи и предлози со кои би се легитимирале пред гласачкото тело. Што прават тие? Тие измислуваат одредени, условно кажано афери коишто потоа низ медиумите ги шират, држат секој ден прес-конференции. Говореа дека требало да има и мигранти коишто не биле прифатени во Британија па ќе биле депортирани во Македонија, па требаше во пролетта да има избори итн. Ги наведувам сите оние лаги коишто времето ги демантираше, а нормално, и ние како претставници на власта. Една од таквите теми, со коишто СДСМ избра да ја замајува јавноста беше и дека ВМРО-ДПМНЕ, односно пратениците на ВМРО-ДПМНЕ сите имале бугарски пасоши и затоа не им било важно, условно кажано членството во ЕУ и ги блокирале уставните измени. Држеа прес-конференции, банални, смешни и секој кој барем малку нѐ познава знае дека тоа е апсолутна невистина – изјави Петрушевски.






Петрушевски посочи дека „за да го демантираме сето тоа пред целокупната јавност ние поднесовме измени на Законот за пратеници, со коишто се забранува пратеник да има двојно државјанство.

– Таков принцип на функционирање има веќе во некои законски решенија. Сме имале ваква пракса и порано, во којашто мора да имаш само исклучиво македонско државјанство за да стапиш на одредена функција. Истото го предложивме со цел да ги демантираме лагите и невистините коишто ги лиферуваа од страна на СДСМ – рече Петрушевски.

Поврзани содржини