ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ДА РЕАГИРА ЗА ШИРЕЊЕТО ПАНИКА ЗА АЛТА БАНКА Филипче и СДСМ вршат саботажа на правно лице за ситни политички поени
Ваквиот однос на функционери на СДСМ е казнив според КЗ член 315, наречен саботажа, кој предвидува најмалку 3 години затвор за оној кој свесно предизвикува штета на правно лице. Го повикуваме ЈО да отвори случај по допрен глас и да реагира – рече Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.
Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, го повика Јавното обвинителство да отвори случај по допрен глас и да реагира на изјавите на СДСМ и Венко Филипче, кои, како што наведе, се обид за создавање недоверба кон институциите, како и хистерија и хаос во општество.
– Челниците на СДСМ веќе ја преминаа границата. Единствено што прават изминативе две години е ширење паника меѓу граѓаните, обид за создавање на недоверба кон институциите, како и хистерија и хаос во општеството – изјави Петрушевски на прес конференција.
Тој рече дека ова не е првпат на СДСММ и Венко Филипче, како што рече, да ги лажат граѓаните.
– Да ја потсетиме јавноста дека поради внатрешни проблеми во партијата, Филипче ги лаже граѓаните и се обидува да создава перцепција во јавноста дека работата не оди на добро. Така, пред една година велеа дека ќе дојдат мигранти во државата по договорот со Обединетито Кралство и тоа за пари. Тоа не се случи.
Велеа дека ИПАРД програмата е суспендирана во Македонија, а дека парите земјоделците нема да ги добијат. Поминаа потоа два месеци ИПАРД програмата продолжи да функционира, а земјоделците си ги добија финансиските средства.
Лажеа за извештајот на Томас Вајц, дека бил лош дека немал напредок, за потоа човекот на национална телевизија јасно да ги демантира СДСМ и Филипче.
Лажеа дека пензиите нема да бидат исплатени на пензионерите. Поминаа месеци, пензионерите имаат над 7.500 денари повисоки пензии за само 2 години, пензискиот фонд е стабилен, и нема никаква дилема дека ќе продолжат и натаму да се исплаќаат пензиите – наброја пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.
Петрушевски уште обвини дека СДСМ ширел хистерија за Унгарскиот кредит, со кој општините добиле пари за нови училишта, градинки, болници, патишта, а компаниите меки кредити за своите бизниси.
– ДЗР пред некое време, јасно излезе и констатираше дека нема никаква малверзација со овој кредит, а унгарски функционери јасно признаа дека сме добиле кредит по ултра поволни услови.
И уште многу попратни работи за кои ќе ни треба цел ден да ги елаборираме за тоа како без срам и образ Филипче и СДСМ лажеа, па откако беа демантирани, не се извинија ниту пак имаат некаква одговорност.
Ваквиот однос на функционери на СДСМ е казнив според КЗ член 315, наречен саботажа, кој предвидува најмалку 3 години затвор за оној кој свесно предизвикува штета на правно лице. Го повикуваме ЈО да отвори случај по допрен глас и да реагира – рече Петрушевски.