СИ НАПРАВИЛ ШАНК НА ДИВО НА „ЕЗЕРСКИ ЛОЗЈА“ Кривична пријава за стружанец

А.Р.(34) од Струга се товари за кривично дело „Узурпација на недвижности" по член 225 од Кривичниот законик.

0

ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.Р.(34) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Узурпација на недвижности” по член 225 од Кривичниот законик.

Пријавениот, во текот на 2025 година, на катарстарска парцела во државна сопственост лоцирана во населбата „Езерски лозја” на крајбережјето на Охридското Езеро, узурпирал државно земјиште и без соодветна дозвола издадена од надлежен Државен орган, изградил покриен шанк.






Поврзани содржини