📽️ МВР ОТКРИ ДЕТАЛИ ЗА ВИРАЛНАТА СНИМКА ОД СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ Се степале двајца мажи, бил употребен и тврд предмет
20-годишен тетовец и 42-годишен кумановец се степале по претходна расправија, а во физичката пресметка бил употребен и тврд предмет.
Видеото од физичката пресметка на Меѓународниот аеродром Скопје, кое вчера се прошири на социјалните мрежи, е снимено за време на инцидент меѓу двајца мажи, потврди Министерството за внатрешни работи.
Според МВР, тепачката се случила на 20 септември, по претходна расправија меѓу 20-годишниот Б.Т. од Тетово и 42-годишниот Б.А. од Куманово.
Во пресметката бил употребен и тврд предмет, соопшти полицијата. Инцидентот бил пријавен во СВР Скопје во 19:10 часот.
Снимката од тепачката, на која се гледа физичката пресметка на аеродромот, вчера привлече големо внимание на социјалните мрежи. Во моментот кога видеото се прошири, немаше официјални информации што точно се случило и кои се учесниците.
Со денешното соопштение МВР потврди дека станува збор за нарушување на јавниот ред и мир и откри дека на пресметката ѝ претходела расправија.
Полицијата не соопштува што ја предизвикало расправијата, дали некој од двајцата бил повреден, ниту дали некој бил лишен од слобода по инцидентот.
Од МВР велат дека случајот се документира и дека по неговото целосно расчистување ќе следува соодветен поднесок.
Има ли обезбедување на аеродомов? pic.twitter.com/2QmIVsc10r
— קרברוס (@KerberTheGreat) September 20, 2026
📽️ ХАОС НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ Група луѓе се тепале пред патниците среде терминалот