МАКЕДОНСКАТА ПОЛИЦИЈА УЧЕСТВУВАШЕ ВО АКЦИЈА ЗА ЗАПЛЕНА НА 300 КГ КОКАИН Дрогата била скриена во контејнер со банани
Дрогата била скриена во товарен контејнер со банани, кој од Еквадор допатувал на пристаниште во Холандија, а од таму стигнал до Германија.
Во акција на МВР со ДЕА, пресретнат е канал со кокаин и запленети се над 300 кг дрога, дознава Плусинфо.
По брза размена на информации од страна на Одделот за криминалистичка полиција при МВР и службата за борба против дрога на САД (ДЕА) од страна на германската полиција запленети се над 300 кг кокаин. Дрогата била скриена во товарен контејнер со банани, кој од Еквадор допатувал на пристаниште во Холандија, а од таму стигнал до Германија.
Акцијата го покажува сериозниот пристап на Одделот за криминалистичка полиција при МВР во борбата против меѓународниот организиран криминал за недозволена трговија со дрога и е потврда дека соработката помеѓу партнерски служби, брзата размена на информации и искрениот пристап, се клучни за бескомпромисна борба против секаков вид криминал.