ЗАЕВ КРИЕЛ КРИМИНАЛЦИ ПОД ПОТЕРНИЦА ВО ВИЛАТА ВО ГРЦИЈА Со контроверзните кадри СДСМ ќе остане на дното
Актуелниот организациски секретар на СДСМ, Зоран Трифуновски во свое интервју јавно призна и потврди дека додека бил во бегство од македонската правда се среќавал со Зоран Заев во неговата вила во Грција. Организацискиот секретар на СДСМ, Трифуновски вели дека Заев бил еден од пријателите што му помогнал додека беше во бегство, за што и му е многу благодарен, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
Во куќата на Зоран Заев во Грција се криеле криминалци во бегство кои се барале со потерница, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Актуелниот организациски секретар на СДСМ, Зоран Трифуновски во свое интервју јавно призна и потврди дека додека бил во бегство од македонската правда се среќавал со Зоран Заев во неговата вила во Грција. Организацискиот секретар на СДСМ, Трифуновски вели дека Заев бил еден од пријателите што му помогнал додека беше во бегство, за што и му е многу благодарен. Трифуновски е човек кој, првично е осуден на казна затвор за прободување поранешен директор на охридски Водовод, според јавно достапните информации, поради претходно нерасчистени сметки поврзани со тендер. Истиот овој Трифуновски, кој сега е награден со висока партиска позиција во СДСМ, со доаѓањето на партијата на Заев на власт и неговите полуги во судско обвинителскиот систем е ослободен од обвинение“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
И ова не е сè, откако го ослободија од кривична одговорност за тешкото обвинение, во 2023 година владата на СДСМ го назначи за директор на МЖ Инфраструктура, се додава во соопштението.
„Со вакви контроверзни кадри, лица со криминални досиеја, под директна команда и лица кои го воспеваат Заев, СДСМ и Венко Филипче сакаат да им се понудат на македонските граѓани како нови лица во македонската политика. Затоа и се таму каде што се, на маргините и дното на политичката сцена, со слаб рејтинг на прагот на статистичка грешка, трета партија во државата, петта во градот Скопје и со голема недоверба од граѓаните“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.