ПОВРЕДЕНИ ДВАЈЦА ПОЛИЦАЈЦИ ВО СКОПЈЕ Такси возило се судри со полициско, две лица завршија на Клиника

Двајца мажи се повредени во судир меѓу службено возило и такси на улицата Крушевска Република, по што биле пренесени во болница.

594

Двајца полициски службеници се повредени во сообраќајна несреќа што се случила доцна навечер на улицата Крушевска Република во Скопје.

Според информациите, во судирот учествувале патничко возило „рекстон“, сопственост на Министерството за внатрешни работи, и такси возило „тојота корола“.






Во несреќата со телесни повреди се здобиле 35-годишниот возач на службеното возило и неговиот 29-годишен сопатник. Тие биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде им била укажана лекарска помош.

На местото на настанот извршен бил увид, а се утврдуваат причините за судирот.

Поврзани содржини