„ЛУКОИЛ“ ГО ГУБИ И НАФТЕНОТО ПОЛЕ ВО ИРАК Американската компанија „Шеврон“ се подготвува да го преземе

Според договорот, оперативната контрола привремено би се префрлила од „Лукоил“ на „Басра Оил Компани“, која потоа би го доделила проектот на „Шеврон“ откако ќе завршат преговорите и ќе бидат дефинирани новите договорни услови.

100

Американскиот енергетски гигант „Шеврон“ потпиша прелиминарен договор за можно преземање на проектот за нафтеното поле „Западна Курна 2“ во Ирак, кое моментално го управува рускиот „Лукоил“.

Спогодбата овозможува размена на доверливи податоци и започнување ексклузивни преговори со ирачката државна фирма „Басра Оил Компани“ за префрлање на операциите на американската компанија.






„Западна Курна 2“ е второто по големина нафтено поле во Ирак, со производство од околу 480.000 барели дневно, што е приближно 10% од вкупното производство на земјата.

Полето се наоѓа на околу 65 километри северозападно од Басра и претставува еден од клучните енергетски ресурси на земјата.

Според договорот, оперативната контрола привремено би се префрлила од „Лукоил“ на „Басра Оил Компани“, која потоа би го доделила проектот на „Шеврон“ откако ќе завршат преговорите и ќе бидат дефинирани новите договорни услови.

Со договорот „Шеврон“ добива ексклузивно право да преговара една година.

„Лукоил“ од лани е под санкции на САД, и е принуден да го продаде својот меѓународен имот.

Руската компанија претходно се согласи да размисли за продажба на поголемиот дел од своето меѓународно портфолио на инвестициската група „Карлајл“.

Ирак е втор по големина производител на нафта во рамките на картелот на ОПЕК и еден од клучните добавувачи на пазарите во Азија и Европа.

Поврзани содржини