АМЕРИКАНСКИ ВОЈНИЦИ ПРЕЗЕЛЕ ТАНКЕР ШТО НОСЕЛ НАФТА ОД ВЕНЕЦУЕЛА „Вероника III“ пловела под панамско знаме

179

 

Припадници на американската армија синоќа упаднале на санкциониран танкер во Индискиот Океан откако го следеле од Карипското Море во обид да се справат со нелегалната нафта поврзана со Венецуела, соопшти денеска Пентагон.






„Бродот се обиде да го прекрши карантинот на претседателот (Доналд) Трамп со надеж дека ќе избега. Го следевме од Карипско Море до Индиски Океан, го намаливме растојанието и го запревме“, се наведува во соопштението на Пентагон.

Танкерот „Вероника III“ е под американски санкции, а пловел под панамско знаме. Бродот од 2023 година е поврзан со руска, иранска и со венецуелска нафта.

Бродот испловил од Венецуела на 3 јануари, истиот ден кога беше заробен венецуелскиот претседател Николас Мадуро, со речиси два милиона барели сурова нафта и гориво.

Не е познато дали танкерот е формално запленет и ставен под контрола на САД. Администрацијата на Трамп заплени повеќе танкери како дел од поширокиот напор за преземање на контролата врз венецуелската нафта.

Поврзани содржини