ТРЕНЕР ПО ГИМНАСТИКА ЗА ДЕЦА ОСУДЕН НА 90 ГОДИНИ ЗАТВОР Тајно ги снимал во тоалети и соблекувални
Истражителите заплениле приближно 50 видеа и 400 фотографии како доказ.
Поранешниот истакнат американски тренер во гимнастика во млади категории, Шон Гарднер (39), е осуден на 90 години затвор, откако е прогласен зпризна вина за виновен за тајно снимање на своите млади спортисти додека се соблекувале и го користеле тоалетот во спортската сала во Мисисипи, јавија синоќа американските медиуми.
На Гарднер му е изречена максималната можна казна по три точки од обвинението за производство на детска порнографија. Казната практично значи дека најверојатно ќе го помине остатокот од животот во затвор.
Гарднер на судскиот процес се изјасни за виновен за поставување скриена камера во салата Пурвис, каде ги снимал своите ученици во периодот од декември 2017 до април 2018 година.
Снимениот материјал бил пронајден неколку години подоцна на неговите компјутери во истрага за друг случај, кога гимнаситичарка го тужела за сексуална злоупотребува во Ајова.
Истражителите заплениле приближно 50 видеа и 400 фотографии како доказ.
Постоеле предупредувања за неговото однесување пред да биде отстранет од спортот. Според судските документи и исказите пренесени од медиумите, поплаки биле упатувани до спортските надзорни организации уште во 2017 година. Гарднер бил привремено суспендиран од Американскиот центар за безбеден спорт во 2022 година, а по обвинението од гимнастичарка во Ајова, бил целосно отпуштен.
Поранешни гимнастичарки и нивни адвокати тврдат дека организациите што требало да ги заштитат спортистките, не реагирале навреме и покрај предупредувањата. Неколку граѓански тужби против Гарднер, гимнастичкиот клуб во Ајова и против Гимнастичарската федерација на САД, сè уште се во тек.