ГОЛЕМ ОДРОН НА ПАТОТ МЕЃУ БЕРОВО И СТРУМИЦА Намалена видливост на патот Свети Николе – Велес
Намалена видливост и појава на магла има и на патниот правец с. Лисец – Попова Шапка до 30м.
На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица, кај село Ратево, поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во должина од 50 метри, информира Автомото сојузот на Македонија.
Намалена видливост поради магла до 100 метри има на патниот правец Свети Николе – Сарамзалино и Велес. Намалена видливост и појава на магла има и на патниот правец с. Лисец – Попова Шапка до 30м. Сообраќајот на другите државни патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информира АМСМ.