📽️ КРАН ПАДНА ВРЗ ВОЗ И ГО ПОДЕЛИ НА ПОЛОВИНА Страшна несреќа во Тајланд, расте бројот на жртви во запалените вагони
Локалната полиција информираше дека 22 лица загинале, а 80 други се повредени во возот во кој се превезувале 195 патници.
Најмалку 22 лица загинаа, а десетици се повредени во Тајланд откако кран се удри во патнички воз и излета од шините.
Снимките од местото на несреќата ја покажуваат скршената структура на кранот како лежи на џиновски бетонски столбови, додека чад се издига од распаднатите делов на возот.
Несреќата се случила во покраината Након Ратчасима, североисточно од главниот град Бангкок, а спасувачите веднаш биле ангажирани во извлекувањето на патниците од возот.
– Околу 9 часот наутро слушнав силен звук, како нешто да се лизга одозгора, а потоа следеле две експлозии. Кога отидов да видам што се случило, го најдов кранот како стои на патнички воз со три вагони. Се чинеше дека металот од кранот удрил во средината на вториот вагон, пресекувајќи го на половина – рече локалниот жител Митр Интрпанја, кој бил на местото на настанот.
Тачапон Чинавонг, началникот на локалната полиција, потврди дека 22 лица загинале, а 80 други се повредени.
– Сега бараме од болниците да ни кажат колку луѓе се во критична состојба – рече Тачапон.
Несреќата се случила на градилиште кое е дел од проект вреден 5,4 милијарди долари финансиран од Кина за изградба на мрежа на брзи железници во Тајланд.
Целта е да се поврзе Бангкок со Кунминг во Кина преку Лаос до 2028 година, како дел од масовната инфраструктурна иницијатива на Кина „Појас и пат“.
– Кранот се урна врз возот, предизвикувајќи тој да излезе од шините и да се запали – соопшти покраинската влада Након Ратчасима.
Снимките емитувани од локалните медиуми покажаа спасувачи како брзаат кон местото на несреќата и возот што излетал од шините и слетал настрана, а од остатоците се извишувал чад.
Тачапон рече дека властите ја прекинале операцијата за спасување поради „истекување на хемикалии“ на местото на настанот.
Министерот за транспорт Фипат Рачакитпракарн изјави дека во возот имало 195 лица.
Властите се обидуваат да ги идентификуваат загинатите и да ја утврдат причината за несреќата.